На полноќ истече мандатот на градоначалниците, кои од денеска ќе одат на работа, но ќе немаат право на потпис на документи, затоа што нивниот статус правно не е дефиниран.
Партиите вчера во Собранието начелно се договорија локалните избори да се одржат на 15 -ти октомври и да се измени изборниот законик. ВМРО – ДПМНЕ не учествуваше на координацијата кај собранискиот спикер Талат Џафери, но од партијата порачаа дека договорениот датум – 15 октомври – е прифатлив.
Со оглед на тоа што има различни толкувања од професори или институции за тоа дали градоначалниците можат да продолжат да функционираат или не, ние како ЗЕЛС за да бидеме сигурни и да нема подделеност, бараме од Парламентот што побргу да се состане и да ги донесе измените на законот за избори и законот за локална самоуправа со што ќе се распишат следните локални избори, изјави вчера Коце Трајановск, претседател на ЗЕЛС.
Градоначалниците ги повикаа политичките партии да најдат решение за локалните избори и порачаа мандатот на Владата да не игра улога во мандатот на локалните власти.