Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева денеска побара од новото парламентарно мнозинство да го укине членот 20, за да може ова јавно обвинителство да продолжи со својата работа.
За рокот од 18 месеци за поднесување обвиненија, СЈО покажа дека е на вистински пат во справување со криминалот, бараме новото парламентарно мнозинство да го избрише, измени или укине членот 20, за да може ова јавно обвинителство да продолжи со својата работа, вели Јанева.
Таа смета дека во периодот од нејзиниот избор како обвинител, со нејзината работа ја оправдала довербата која и е дадена од граѓаните и рече дека ќе продолжат најпрофесионално да си ја вршат својата работа.
Успеавме да изградиме интегритет, потврда е довербата на граѓаните кои ни веруваат. Не ги преслушуваме останатите 55% од разговорите, се процесуираат претходните 45%. Ќе породолжиме да пуштаме обвиненија за преслушаните разговори, рече специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева.
Јас како Специјален јавен обвинител сум свесна дека очекувањата од ова обвинителство се преголеми поради криминалите на власта. СЈО ќе продолжи со работа додека не ги истражиме сите работи. Монструм, Скопје 2014, Мартин Нешкоски, Диво Насеље се во предистражна постапка