-2.2 C
Skopje
Wednesday, February 5, 2025

Лазански и БИА во „македонското сценарио“

Новинарот и член на српскиот парламент Мирослав Лазански со припадник на српската тајна служба спроведуваше медиумска пропаганда во Република Македонија во корист на поранешниот премиер Никола Груевски и руската политика, покажуваат прислушкувани разговори и други податоци кои процуреа од истрагата на македонската полиција во кои новинарите на КРИK, имале увид. Лазански тврди дека тоа не е точно, туку дека ја извршувал својата новинарска работа, пишува српскиот Krik.rs

Припадни на српската агенција БИА Горан Живалјевиќ го повика на 3. март оваа година Иван Стоилковиќ, пратеник во македонскиот парламент и претседател на Демократската партија на Србите кој му соопштил дека во Скопје угостил новинар кој ќе изврши задача во нивна корист.

„Еј, го сместив овој, го информирав за колумната која треба денес да ја напише за „Политика“. Идеме (тој и новинар) на протести да снимаме и потоа кога ќе седнеме вечерта, ќе те побарам“, Стоилковиќ му пренел на Живалјевиќ,“ пишува во транскриптот од разговорите во кои КРИК имале увид.

Во следниот разговор, од наредниот ден, се открива кој е мистериозниот новинар, но и повеќе за неговата мисија. Стоилковиќ му рекол дека ќе го води на состанок со шефот на владејачката македонска партија Никола Груевски.

„Ќе го соберам во 20:45 Лазански од хотелот и го водам кај Груевски. Така да чекајте не нас во хотелот да се вратиме“,објаснува тој.

Ден после овој состанок, во „Политика“ е објавена колумна на Мирослав Лазански, новинар и член на српскиот парламент, со наслов „Не ја даваме Македонија“. Во неа авторот јасно се ставил на страната на Груевски кој во тој момент се борел да ја спречи опозицијата, која имала парламентарно мнозинство, да дојде на власт.

Излезот е во нови избори, предлага во текстот Лазански, она што всушност беше и главно побарување од страна на Никола Груевски. Екипата била задоволна од завршената работа. Истиот ден кога е објавена колумната, во вечерните часови Живалјевиќ и Стоилковиќ повторно се слушнале телефонски.

Се јави Лазански пред малку. Вели дека текстот руши рекорди на читаност во Србија“, ја пренесува Стоилковиќ успешната акција.

Одлично, одлично“ одговара Живалјевиќ кој му е, по разговорите, очигледно НАДРЕДЕН.

Се фали и среќен кажува ‘ ЈЕЕ… Иване, сите рекорди на читаност во Србија се пробиени. Задоволен е и среќен.“

Добро

Вечерва идем на РТС, за оваа изјава што ја снимавме денес, оди на вести на РТС“, го завршува разговорот Стоилковиќ.

ПРОПАГАНДНИ АКЦИИ

Овие транскрипти се дел од материјалот кој македонските служби ги добиле прислушувајќи ги Живалјевиќ и Стоилковиќ. Новинари КРИК, НОВА ТВ ги видеа извештаи на агенциите, транскриптите, аудио записите и фотографиите. Во документите според нив се тврди дека македонската служба имала одоборување од судот да врши надзор, пишува српскиот КРИК.

Прибавените докази, како што тврди агенцијата, покажуваат дека „во посредување на Живалјевиќ и Стоилковиќ во март 2017. година, новинар и војно – политички коментатор и член на парламентот од владејчаката СНС партија Мирослав Лазански е доведен во Македонија со цел да изведе пропагандни акции.

Целта била, како што е опишано, да се промовира руската политика во Македонија, но и Груевски, и да се бори против влезот на Македонија во НАТО.

Како што пишува КРИК, Груевски во десет години владеење се покажал како автократ кој не почитува демокрастки процедури и слобода на медиуми.

Александар Вучиќ и српските власти не го поддржуваа јавно Никола Груевски, но српските провладини медиуми водеа кампања против Зоран Заев, лидерот на македонската опозиција кој доби мандат за состав на нова влада.

Припадникот на БИА Живалјевиќ давал инструкции на Стоилковиќ кој го упатувал Лазански со кој треба да разговара, на кои теми, пишува во документите. Некои состаноци Стоилковиќ и лично присуствувал – како што е состанокот меѓу Лазански и Груевски, пишува српски Крик.

Лазански во Србија е познат по проруските ставови. Со години гради имиџ на мачо воен политички коментатор кој освен со пишувањето на колумни, гласа на избори, гласа на избори за мис и се слика во воена униформа. Кога во 2014. година го интервјуирал претседателот на Русија Владимир Путин, рече дека бил „воодушевен“. Тој стана народен пратеник во 2016. година – беше осми на листата на коалицијата на владејачката Српската напредна партија. Тој го поддржуваше Вучиќ и рече дека тој има визија за иднината на Србија.

Во разговор за Крик, Лазански тврди дека во Македонија ја извршувал само својата новинарска работа.

„Јас ниту сум служба, ниту сум портпарол на нечија служба, јас доле не бев народен претставник – туку новинар „Политика“ и некој кој работеше во прилог за телевизијата на Република Србија,“ рече тој.

Тој вели дека се сретнал со Груевски, но таа средба ја опишува како неуспешен обид за интервју.

„Јас со Груевски сум разговарал како новинар, како што сам разговарал со Живалјевиќ и со лидерот на Демократската партија на Србите. Требаше тоа да биде интервју со Никола Груевски, но тој рече „ајде тоа малку да го одложиме“ и после тоа стана минато време и не беше интересно.

Горан Живалјевиќ е долгогодишен известувач, а од јануари 2003. до март 2004. беше и заменик директор на БИА. Од 2005. е во дипломатска служба – советник во амбасадата на Србија во Македонија.

Како што се влошуваше политичката ситуација во земјата така неговите активности стануваа се повеќе известувачки, отколку дипломатски, пишува во документите.

Прислушувајќи го македонската служба ги забележила контактите на Живалјевиќ со разни политичари и бизнисмени од Македонија. Откриено е дека агентот на БИА се нашол во парламентот кога луѓе со фантомки физички нападнаа членови на СДСМ и албанските политички партии. Своето присуство во текот на претепувањето на пратениците, Живалјевиќ го крунисал со селфи во македонскиот парламент, а кои новинарите на КРИК го пронајдоа во материјалот. Не е познато дали Живалјевиќ го објавил негде селфито или дали македонската служба дошла до сликите во пресрет на неговата комуникација.

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ тврди дека Живалјевиќ ја извршувал својата работа како известувач од парламентот.

„Неговата работа е да информира што се случува во Република Македонија. Тој е официјален претставник на БИА во Македонија, тој таму не е илегално“, рече Дачич. Меѓутоа податоците на македонските служби говорат нешто сосема друго

„Спрема нашите откритија можеме да заклучиме дека известувачот на БИА Горан Живалјевиќ во Македонија користел известувачки методи кои излегуваат надвор од оквирот на дипломатските статуси… што ја доведува во прашање легитимноста и леганоста на неговите акции“, пишува во документите.

Живалјевиќ на поканата на КРИК за интервју одговорил “Не сакам ништо да кажам“ и го одбил нивното барање.

РУСКО ВЛИЈАНИЕ

Стоилковиќ стана пратеник во македонскиот парламент 2002. година како член на Демократската партија на Србите во Македонија. Македонските служби го оценуваат како националист кој делува по инструкции на кабинетот на српскиот претседател Томислав Николиќ и други српски пратеници, како и на БИА.

Неговите состаноци со Живалјевиќ се чести „кога се донесува некоја важна одлука во парламентот или пред состанок во влада“.

Како претседател на Демократската партија на Србите, Стоилковиќ во 2016 потпишал „Декларација за формирање неутрални воени зони на територијата на Балканот“ заедно со партијата на рускиот претседател Владимир Путин. Тој не сакаше да разговара со новинарите, туку се налути на прашањето за неговиот однос со Живалјевиќ.

„Дали јас тебе те прашав со кој ти комуницираш? Како не ти е срам? Прашај ме нормално новинарско прашање, рече и ја спушти слушалката од телефонот.

 

Извор: Krik.rs

поврзани објави

Последни објави