Општина Битола како член на мрежата на креативни градови на УНЕСКО, деновиве учествува на Малиот светски филмски фестивал во Брадфорд кој годинава е фокусиран на темата „Мојот град“.
„Мојот град Битола“ (My city Bitola) е краток документарен филм кој зборува за филмската убавина на Битола, богатото културно и историско наследство и големиот број културно-уметнички содржини кои градот го прават навистина посебен, информираат од Секторот за односи со јавност на Општина Битола.
На фестивалот учествуваат и голем број градови од повеќе држави од Северна и Јужна Америка, како и од Нов Зеланд, Авганистан и Кина.
По прикажувањето во Брадфорд, „Мојот град Битола“ ќе биде дел од програмата на Santos Coffe Festival, кој во јули ќе се одржи во Бразил.