7.8 C
Skopje
Tuesday, December 10, 2024

5 причини да навиваме за Реал Мадрид во финалето на Лигата на шампионите

Финалето на Лигата на шампионите тропа на нашите врати. На националниот стадион во Велс Реал Мадрид и Јувентус ќе влезат во лута битка за трофејот во најпрестижниот европски клупски турнир.
Јувентус ќе се обиде да стане првиот тим по Манчестер Јунајтед, кој доаѓа до”купот со ушите”, без да доживее пораз од почетокот на турнирот.
Реал пак е во потрага на дванаесетата титула, и ќе се обиде да стане единствениот тим, кој го одбранил трофејот, откако трката го носи името „Лига на Шампионите.
Еве 5 причини зашто треба да навиваме за Реал во финалето на Шампионската лига:
1. Зинедин Зидан- Генијалецот од Марсеј може да го направи незамисливото и да го претвори Реал Мадрид во првиот тим, кој го одбранил трофејот во најценетиот европски клупски турнир. Зизу може да ја земе втората титула во ЛШ како тренер, а е начело на “кралевите” само две години. Тоа би бил историски момент, а легендарниот фудбалер Зидан ќе влезе и во Салата на славата на тренерите на Реал. Трофејот би дошол точно 15 години откако Реал ја зеде Деветата со голот на Зидан против Баер Леверкузен во 2002 година.
2. Кристијано Роналдо- Португалецот веќе наполни 32 години. Во минатото лето се закити со златото во Лигата на шампионите и титулата на Европското во Франција (2016). Роналдо ја зеде „Златната топка“ целосно заслужено, а ако Реал успее да го заштити трофејот, од најпрестижното индивидуално фудбалско натпреварување и оваа година Златната топка ќе отиде во рацете на Кристијано. Тоа значи дека ѕвездата на Реал ќе се израмни со Лео Меси по освоени “Златни топки” – по 5. Тоа би бил еден прекрасен завршеток на едно големо ривалство, по што двајцата великани ќе го отстапат своето место на следните генерации.
3. Поради историјата- Ако постои тим кој заслужува прв да го заштити трофејот во Лигата на Шампионите, тогаш тоа е Реал Мадрид. „Кралевите“ ги добија првите пет изданија на турнирот (1956 – 1960 година). Тие се  клубот со најмногу титули во најпрестижниот европски клупски турнир, и изгледа како да нивната судбина е таква, секогаш да бидат на врвот.
4. За да се потврди доминацијата на шпанскиот фудбал– Ако Реал победи во финалето со Јувентус, тоа ќе значи дека за трети пат во последните четири години, шпанска екипа ќе ја освои Лигата на Шампионите.
5. Реал ќе биде поуспешен од Барселона- Во периодот (2006-2011) Барса 3 пати ја освои Лигата на Шампионите, ако Реал го победи Јуве, тоа ќе значи дека успеал во период од 4 години, 3 пати да земе најценетиот трофеј во клубскиот фудбал.

поврзани објави

Последни објави