21.8 C
Skopje
Thursday, March 28, 2024

5 причини да навиваме за Јувентус во финалето на Лигата на шампионите

Ако вие сте навивач на Реал Мадрид, овој материјал не е наменет за вас. Ако го сакате Јувентус, ќе ви е интересно да прочитате уште нешто за вашиот омилен клуб. За сите останати кои се двоумат за кој од двата тима да навиваат во финалето во Кардиф ќе понудиме  причини, изборот да биде Јуве.

1. Џиџи Буфон- Нема постои човек, кој  го сака фудбалот и не го почитува легендарниот голман. Наскоро Џиџи ќе наполни 40 години, но продолжува да брани феноменално. Буфон има освоено скоро се во својата кариера, му недостасува само „трофејот со големите уши“. Вреди да навиваме за Џиџи.
2. Бидејќи Јуве нема трофеј во Лигата на шампионите од 1996 г.– Поминаа повеќе од 20 години, од победата на Марчело Липи и неговиот Јуве, против младиот и ултраталентиран состав на Ајакс и Луис Ван Гаал.
3. „Старата госпожа“ има најмногу изгубени финалиња во историјата на натпреварувањето- Јуве досега земал учество во 8 финалиња на Лигата на шампионите и само 2 пати успеал да го крене трофејот на натпреварувањето.
4. Максимилијано Алегри заслужува да го земе трофејот- Стратегот се докажа, ја помина целата хиерархија на тренерската професија. Храбар, тактички подготвен, созреан и уверен во успехот. Триумф за Алегри во Лигата на шампионите би бил целосно заслужен.
5. Во редовите на Јуве игра „подоброто трио“ BBC– Ако Реал ги има Бејл, Бензема и Кристијано (BBC), треба да напоменеме дека во Јуве играат Барѕали, Бонучи, Кијелини (BBC), а годинава тројцата бранители се како ѕид за противничките напаѓачи.

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -