Во понеделникот списанието „Nature Climate Change“ објави студија, според која, последиците од глобалното затоплување врз големите градови во светот ќе биде далеку по катастрофални отколку што се мислеше порано. Во некои од тие до крајот на векот температурите може да се зголемат со просек 14,4 степени, што ќе предизвика пад на бруто домашниот производ од 10,9 проценти, бидејќи луѓето ќе работат помалку, квалитетот на воздухот и водата ќе се намали и ќе биде потребна повеќе енергија за ладење на зградите.
Вчера претседателот Трамп направи голем чекор кон трансформирањето на оваа антиутопия во реалност. Со објавувањето на својата одлука да ги повлече САД од мировниот договор за климатските промени тој нанесе удар врз активностите за забавување на климатските промени – и не само тоа.
Приклучувајќи се кон групата на Сирија и Никарагва, кои се единствените земји, кои не учествуваат во најзначајниот дипломатски напор на векот, Трамп нанесе удар врз водството на САД, земја која во последните седум децении придонесува за промовирањето на мирот и просперитетот во управувањето на претседателите без разлика дали се од Републиканската, или од Демократската партија. Под нивно раководство Вашингтон делуваше со одговорно и со едуцирана самобендисаност. Белегот на одлуката на Трамп се самоуништувачката самобендисаност, несигурноста и неодговорноста.
За економскиот развој на САД по Втората светска војна придонесоа различни фактори, но најважен од сите беше активниот интернационализам. Општата спогодба за царини и трговија (ГАТТ), што ги обврзува потписниците да се собираат редовно и да разговараат за тоа како да се подобрат условите за светската трговија, беше една од институциите под покровителство на САД, кои постигнаа грандиозен успех, придонесувајќи за постепеното укинување на пречките за економска размена и иновации.
За договорот од Парис се очекуваше дека ќе биде ГАТТ на 21 век, обезбедувајќи рамка која ги собира одделните земји редовно и според коja од секоја држава се очекува да соопшти што би можела да заврши за постигнувањето на една суштинска глобална цел, а имено намалувањето на штетното влијание на климатските промени. Америка остави траги врз овој документ. тој е
далеку по фер и пофлексибилен од претходните обиди за глобален договор за прашањата за климатските промени.
Со овој документ беше поврзана најголемата надеж на светот да се направи така што големите земји во развој како Кина и Индија исто така да дадат свој придонес, со што беа отстранети стравувањата на Републиканската партија дека овие држави ќе одбијат да направат одредени одстапки по примерот на САД. Во договорот финансискиот придонес на Вашингтон и другите земји не е точно утврден. Наместо одредени рамки овој договор ги охрабри очекувања на меѓународен план дека секоја земја ќе преземе некакви доброволни обврски, чие почитување ќе се контролира преку дипломатски притисок. Сите аргументи на Трамп во корист на повлекувањето, со други зборови, се лишени од причина. тој можеше да го прилагоди или дури да го намали американскиот ангажман, без да ја отстанува земјата од договорот.
Вчера претседателот Трамп изјави дека САД може повторно да се приклучат на мировен договор по одреден период со нови договорени услови. Но имајќи предвид степенот до кој останатите земји би ги прифатиле американските барања, можноста за целосно нов договор се нереални. И така каков е позитивниот ефект, што ја донесе ова одлула на Трамп, за Американците? Никаков позитивен ефект. Апсолутно никаков.
Извор: Е-весник/БТА/Washington Post