Тим врни лекари, предводен од проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Србија, во клиничката болницата „Аџибадем Систина“ ја изведе првата операција за промена на пол во Македонија.
Интервенцијата помина во најдобар ред и пациентот чиј пол е променет во женски моментално се опоравува, изјави професорот Џорџевиќ по завршетокот на петчасовната интервенција.
Во тие 4-5 часа тие успеале да ги извадат сите машки полови органи и да формираат женски полов орган, за кој како што вели докторот Џорџевиќ, се надева дека ќе биде функционален.