5.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Ослободени сите десетмина приведени по нападот што се случи во Лондон

Британската полиција соопшти синоќа дека се ослободени и преостанатите десет лица кои беа приведени по терористичкиот напад во Лондон.

Сите кои се уапсени во неделата, на 4 јуни, во рамките на истрагата се сега ослободени без покренување на обвиниение, соопшти лондонската полиција.

По нападот, што се случи во саботата вечерта, беа приведени 12 лица.

Прво беа ослободени еден маж и една жена, а сега и преостанатите десетмина.

Седум лица се убиени, додека 50 се хоспитализирани откако тројца екстремисти влетаа со комби во пешаци на Лондонскиот мост, а потоа ги нападнаа лицата со ножеви.

Тројцата напаѓачи се убиени од страна на лондонската полиција.

поврзани објави

Последни објави