Исхраната што е богата со масти го зголемува ризикот од кардиоваскуларни заболувања, додека истовремено може да доведе до вишок килограми, дијабетис тип 2 и други заболувања. Научниците неодамна открија дека циметот би можел да ги ублажи овие штетни ефекти.
Врз основа на дванаесетгодишно истражување спроведено на глувци, научниците утврдиле дека животните што консумирале цимет, а чија исхрана содржела голема количина масти, качиле малку телесна тежина, имале поздрави новоа на липидот, шеќерот и инсулионот, отколку групата на глувци што само јаделе исхрна богата со масти.
Утврдено е дека животните што јаделе цимет имале помалку молекули што имаат улога во складирањето на мастите, како и дека овој зачин има антиоксидантно и антифламаторно дејство.