15.8 C
Skopje
четврток, октомври 23, 2025
spot_img

Богданци со успешен референдум, граѓаните против отварање на рудници

spot_img

Речиси сто проценти од граѓаните на општина Богданци кои излегоа на референдум се изјанија против продолжување со работа на рудникот „Казандол“ и отворање на рудници на територијата на општината, потврди Општинската изборна комисија по сумирањето на резултатите.

Од вкупно запишаните 6.918 граѓани на референдумот по двете прашања се изјасниле вкупно 4.321 или околу 62 отсто од гласачкото тело што значи дека референдумот во општина Богданци е успешен, изјави Венера Зелева, претседател на ОИК Богданци.

Зелева нагласи дека 4.120 граѓани се изјасниле против продолжување со работа на рудникот „Казандол“, а 4.126 од излезените гласачи биле против отворање на рудници на територијата на општина Богданци.

Референдумското изјаснување на граѓаните на општина Богданци минало во најдобар ред, а резултатите од него се обврзувачки за локалната самоуправа.

поврзани објави

         

Последни објави