Македонската ракометна селекција утрово го одработи и последниот од предвидените тренинзи во нашата држава пред заминувањето за Франција на Светското првенство.
Избраниците на Лино Червар пред летото за Мец кој е предвиден за доцна вечерва, ќе имаат завршно обраќање пред јавноста на прес конференција во хотелот “Александар Палас” која ќе се одржи од 13.00 часот.
Како што е познато наши противници во групата во Мец се Шпанија, Исланд, Словенија, Ангола и Тунис против кој го отвараме Мундијалот на 12. јануари (четврток) со почеток од 17.45 часот.