Влијателни републикански сенатори се придружија во бранот критики на сметка на американскиот претседател Доналд Трамп, откако на социјални мрежи навреди позната новинарка.
Трамп на Твитер ја нарече Мика Бжежински – Луда, со низок коефициент на интелегенција, како одговор на критиките од неа против него во тв-емисија на Ем-Ес-Ен-Би-Си. Трамп напиша – таа е жена што крвари по затегнување на лицето.
Републиканскиот сенатор Лундзи Грахам порача дека таквите негови коментари се под ниво на претседател.
– Тие твитови претставуваат она што е погрешно во американската политика, а не американска величина, наведе тој
Сенаторот Бен Сeас додаде на Твитер: – Те молам, престани, ова веќе не е нормално!, обраќајќи му се на Трамп.
Претседателот на Претставничкиот дом на Конгресот Пол Рајан се придружи во критиките дека коментарите се непримерни.
– Ние се обидуваме да го поправиме тонот, цивилизираност на дебати, но ова не помага, наведе Рајан.