Кристијано Роналдо во 2016 година заработил повеќе пари од било кој друг светски спортсист. Со платата од Реал и сите останати приходи, Роналдо во касата има околу 90 милиони долари.
Најголемиот дел од тоа е од договорот со кралскиот клуб, но неверојатна заработка Роналдо има и од останатите зделки.
Еден од нив е и приходот од социјалните мрежи. Имено, британската компанија Hooper, која е специјализирана за плаќање на Фејсбук, Инстаграм и Твитер објави листа на познати личности кои заработуваат најмногу по објавите на Инстаграм.
По најновите истражувања, Роналдо заработува 400. 000 долари по најобични објави на Инстаграм. Роналдо најчесто објавува фотографии на кои некоја од познатите марки или како стои покрај некој од своите скапоцени автомобили. Сето тоа Португалецот добро го наплатува, за што голема заслуга имаат и неговите 104 милиони следачи.
Така Роналдо практично во секунда заработува исто колку што некои фудбалери заработуваат во пола година играње за своите клубови.