-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Стојаноски: ВМРО-ДПМНЕ во својата програма „Реално“ имаа дури 150 предлог проекти за младите, додека СДСМ само 55

Сите овие 11 години отворивме 14 технолошки индустриски развојни зони и успеавме да ја намалиме невработеноста од 38 проценти на 29,9 проценти или околу 15 проценти, а тоа во бројки би значело дека кога ВМРО-ДПМНЕ дојде на власт имавме 560 илјади вработени, во 2017-та година имаме близу 735 илјади вработени или 174 илјади нови работни места, изјави Бојан Стојаноски  на денешната панел дискусија „ВМРО-ДПМНЕ инвестираше, а СДСМ им ускратува можности на младите“.

-За се ова да стане возможно силен фокус нашата партија стави и на образованието, ние во изминативе години направивме доста за таа цел, ја смаливме партиципацијата, направивме бесплатни учебници за средното образование и за да може учениците да го намалат тој трошок. Отворивме три нови универзитети, 32 нови факултети, 74 средни и основни училишта се изградени комплетно нови, спроведовме компјутер за секое дете, дадовме персонални таблети за секое дете, а со ова им покажавме на македонските млади луѓе дека образованието е достапно за сите и треба да ги уживаат поволностите од истото, потенцираше Стојаноски.

Тој истакна дека СДСМ докажуваат дека немаат сменето ништо во својата генеза бидејќи сакаат да го направат образованието процес кој што ќе биде достапен само за многу малку луѓе, односно да направат природна препрека каде што не секој од Македонија ќе може да се образува и да конкурира на пазарот на трудот.

-Нивната антиреформа и укинувањето на екстерното тестирање го направија без да напоменат дека на 117-та страница на нивниот план за живот и на 26-та нивна страница од програмата на владата стои дека ќе се укине екстерното тестирање, но ќе се укине еволуитивно тестирање кое ќе го замени екстерното тестирање. Ние напротив за младите луѓе воведовме и бесплатен железнички превоз, кога би ги споредиле бројките во двете програми таа навистина е импозантна, ВМРО-ДПМНЕ имаше 150 предлози проекти во програмата „Реално“, додека СДСМ имаше само 55 предлози за младите, рече Стојаноски.

поврзани објави

Последни објави