-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Груевски бара 20 телохранители за во Собрание – имал закани по живот

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски од МВР месецов побарал наместо досегашните 6 телохранители, да добие 20, бидејќи имал закани по живот, дознава Макфакс.

Како причина за барањето Груевски навел дека неговото безмалку десетгодишно вршење на функцијата го правел во турбулентен временски период, како и на фактот дека е пратеник во Собранието, каде е претседател на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ. Груевски навел дека телохранителите ги бара на неопределено време, сè додека има опасности по неговиот живот и личен интегритет.

Макфакс дознава дека поранешниот премиер се повикал на членот 6 од Уредбата за личности и објекти што се обезбедуваат, кој предвидува дека на Претседателот на Владата кому му престанала функцијата, во случаи кога има проценка дека има висок степен на опасност по животот и личниот интегритет, од министерот за внатрешни работи може да му се определат вонредни и посебни мерки за обезбедување на времетраењето на опасноста.

Според измените во Законот за Влада, усвоени во 2013 година, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, како поранешен премиер, има право на обезбедување од шест лица, службено возило и возач. Ангажираните лица се од редот на вработени во организациската единица за обезбедување лица и објекти во Министерството за внатрешни работи. Донесувањето на Законот, тогашниот премиер Груевски го правдаше како заштита од одмазда на криминалци, зашто неговата Влада, со него на чело, објавила војна против корупцијата и криминалот.

Неофицијално, Груевски додека ја избршувал функцијата премиер, за 1о години имал вкупно 78 телохранители, а со доаѓањето на Оливер Спасовски за министер има шест, колку што му следува по закон.

Останува отворено прашањето дали зад таквото барање на Груевски треба претходно да има докази дека добива закани по живот?  За ова, Законот предвидува  и потребна безбедносна проценка од УБК и доколку постои, тој треба да ги добие телохранителите.

 

Извор: МакФакс

поврзани објави

Последни објави