Најдобриот фудбалер на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо, би можел да биде дел од европскиот Суперкуп на УЕФА во Скопје, и покрај најавите дека ќе го прескокне мечот за да одмора за претстојната сезона.
Португалскиот ас ќе го прекине одморот порано од предвиденото и на тренинзите на европскиот првак ќе се врати на 5 август, што практично дава мала надеж тој да гостува во нашиот главен град и публиката на „Телеком арената“ да ужива во неговите мајстории.
Оваа информација ја потврди стратегот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, но сепак, не обелодени дали Роналдо ќе излезе на мегдан со Манчестер Јунајтед.
Мечот меѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед се игра на 8 август.
Извор: Gol.mk