Во текот на вчершаниот ден починал 56-годишен затвореник во КПУ „Идризово“ со иницијали С. Р. од село Речани-гостиварско.
Истиот околу 10.00 часот, најверојатно поради труење бил однесен на Токсикологија каде што околу 12.30 часот почина.
Како што се наведува во дневниот извештај на МВР, веќе починатиот боледувал од канцер, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.