Над 80 новинари и камермани од бугарските телевизиски куќи и интернет портали денеска во Скопје го следат потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од страна на премиерот Зоран Заев и премиерот Бојко Борисов.
Она што може да се забележи низ скопските улици е засилено обезбедување, оклопни возила, голем број полицајци и специјалци, хеликоптери летаат над зградата на владата.
Претседателот на Владата на Република Бугарија Бојко Борисов беше пречекан од премиерот на Република Македонија Зоран Заев и министрите на Владата на Република Македонија.