23.8 C
Skopje
Saturday, July 27, 2024

Над 80 новинарски екипи од Бугарија го следат потпишувањето на Договорот во Македонија

Над 80 новинари и камермани од бугарските телевизиски куќи и интернет портали денеска во Скопје го следат потпишувањето на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Република Македонија и Република Бугарија од страна на премиерот Зоран Заев и премиерот Бојко Борисов.

Она што може да се забележи низ скопските улици е засилено обезбедување, оклопни возила, голем број полицајци и специјалци, хеликоптери летаат над зградата на владата.

Претседателот на Владата на Република Бугарија Бојко Борисов беше пречекан од премиерот на Република Македонија Зоран Заев и министрите на Владата на Република Македонија.

поврзани објави

Последни објави