11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Крсто Мукоски наплатил 130 евра за еден ден за патни трошоци

За само три месеци во кои Собранието не работеше под полна пареа четириесет и пет пратеници кои не живеат во Скопје потрошиле околу 74 илајди евра од буџетот, покажуваат податоците за исплатен надоместок за патни трошоци, кои Телевизија 24 ги обезбеди согаслно Законот за присат до инфорамции од јавен карактер.

На име на патни трошоци најмногу потрошил пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски, кој е еден од пратениците кои ги отворија вратите на Собранието на 27 април кога толпа упадна во законодавниот дом и ги нападна пратениците. Мукоски живее во Вевчани и за деновите кога биле одржувани пленарни или комискси седници за одење и враќање од работа тој наплатил речиси 3 илјади евра за само три месеци.

Неговиот сопартиец, но и исто така учесник во отворањето на вратите на Собранието на 27 април, Сашо Василевски, за патувањето од Охрид до Скопје побарал да му бидат исплатени 2 644 евра. И нивните колешки од Битола, Лилјана Затуроска и Лилјана Кузмановска за патни трошоци побарале околу 2 500 евра секоја. И Зоран Илиоски од ВМРО-ДПМНЕ потрошил 2 492 евра за да присуствува на собраниските седници.

Спикерот Талат Џафери кој живее во Гостиварско, според распоредот на активности кои ги имаше откако беше именуван, средби во Собранието и пленарни седници за три месеци наплатил илјада евра за патни трошоци.

И пратениците од владејачкото мнозинство не штеделе на пат. Од СДСМ на име на патни трошоци најмногу наплатил координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев кој за неговото патување од Охрид до Скопје за три месеци зел 2 588 евра. И неговиот колега од Битола Васко Ковачевски побарал 2 514 евра за патни трошоци. Над 2 500 евра за три месеци за патни трошоци побарале Јован Митревски и Сашо Поцков од СДСМ.

Интересно е да се спомене дека само за еден работен ден на 30 декември минатата година кога беше одржана конститутивната седница овие 45 патеници потрошиле 3 200 евра. Најмногу пари побарал Мукоски, 130 евра за само еден ден – со тие пари според пресметките може да се наполни 126 литри бензин еуросупер 98 со кој при просечна потрошувачка може да се поминат повеќе од 1.000 километри. Но, методоглогијата на пресметка им дозволува на пратениците да земаат вакви суми за патни трошоци.

И во март месец Собранието одржало само пет пленарни седници кои буџетот го чинеле 16 илајди евра само за патни трошоци. Поактивна е работата на пратениците во април кога и има и најмногу направени трошоци, а помалку работа имало и во мај освен за Џафери кој имал повеќе средби со странски претставници во Собранието.

 

Извор: ТВ24

поврзани објави

Последни објави