Поради ниските температури и обилните снежни врнежи, надлежните во Општина Центар се решија да започнат акција за згрижување на бездомните лица.
Прокетот е на ЈП “Паркинзи на општина Центар” кои ги отворија своите врати во просториите за престој на лицата без дом кои ќе имаата место за преноќевање.
Обезбедени се пакети со храна за вечера и за појадок, како и топли напитоци, ќебиња, тоалети. Во просториите ќе им и медицинска нега, а посебни лица ќе се грижат за нивната безбедност.
Градоначалникот Андреј Жерновски истакна дека заедно со директото на ЈП “ПОЦ”, Саша Богдановиќ, ги повикува и другите институции во државата да ги отворат своите врати, а граѓани да не ги поминуваат деновите и ноќите надвор, под отворено небо, на овие ниски температури.