11.8 C
Skopje
Wednesday, December 11, 2024

Што би можеле да купите со парите од трансферот на Нејмар во ПСЖ?

Размислувањето што може да се купи за цената на името на Бразилецот се движи од тенкови Челинџер, имоти во најскапите области во Лондон до чаши кафе.

Преминот на бразилскиот фудбалер Нејмар во Париз Сен Жермен од 222 милиони евра (263 милиони долари) е најнов рекорд, а некои се запрашаа што би можело да се купи за таа сума, пренесува Ал Џезира.

Рекордниот договор од 222 милиони евра на бразилскиот напаѓач Нејмар де Силва Сантош Јуниор со фудбалскиот клуб Париз Сен Жермен ги шокираше искусните аналитичари и навивачи.

Овој премин од Барселона во францускиот клуб ПСЖ, исто така ќе му стави во џебот на 25-годишниот фудбалер чисти 34 милиони долари по одбитокот на даноците, што го прави најплатен фудбалер во светот.

Цената е повеќе од двојно поголема од 105-те милиони евра што Манчестер Јунајтед се согласи да ги даде на Јувентус за да го донесе Французинот Пол Погба во северна Англија.

Насер ал-Келаифи, претседател на ПСЖ, рече дека Нејмар ќе му помогне на клубот да ги реализира своите „најголеми соништа“.

Но, за многумина на социјалните мрежи, огромната сума – за разлика од изгледите за освојување на трофеите – е она што луѓето го сонуваат.

Размислувањето што може да се купи за цената на името на Бразилецот, се движеа од баталјони тенкови Челинџер и имоти во најскапите области во Лондон, до бројот на чоколади или чаши кафе.

Други размислува за тоа дека таквата сума би можела да се искористи за да се ублажат проблемите, како што е тековната сириска бегалска криза.

Тука наведуваме само дел од она што можете да купите со 222 милиони евра според сегашните цени:

137 имоти во најскапиот дел во Лондон

Лондон

Со десен клик доаѓате до листа на веб-страница за недвижности со просечна цена на куќа во најскапата област во Лондон, Кенсингтон, од 1,47 милиони британски фунти (1,91 милион долари).

Анксиозноста во врска со домувањето расте во Велика Британија, при што многу млади луѓе не можат да си дозволат имот во главниот град поради зголемувањето на цените кои постојано растат.

 

 

222 милиони евра чинат четиригодишните студии на 1.004 студенти на МИТ

Масачусетскиот институт за технологија (МИТ) е рангиран како еден од најдобрите универзитети во светот, но студирањето може да го чини студентот околу 65.000 долари годишно за школарината и трошоците за живеење.

Студентскиот долг во САД се проценува на околу 1,44 трилиони долари.

Еден Боинг 787 Dreamliner

Боинг

 

Цената на Нејмар се обидува се да се натпреварува со чинењето на патнички авион, при што цена на еден стандардно голем авион чини помеѓу 224 и 300 милиони американски долари во зависност од моделот.

 

Едногодишна едукација на 1 милион и 150.000 илјади ученици во индиските основни училишта

Индија дава околу 229 долари за една година образование на еден ученик во основно државно училиште.

Околу 8,4 милиони деца во земјата се вон образовниот систем.

Слушајте 42 дена целодневни предавања на Бил Клинтон

Бил Клинтон

Според Wall Street Journal, поранешниот американски претседател добивал 260.000 долари за говор во 2014 година, кој траел помалку од еден час.

Ако ја земеме во обѕир истата стапка, надоместокот за трансфер на Нејмар би можел да купи 1,011 часови со поранешниот американски претседател или 42 цели денови.

Водење на американската војска три и пол часа

Со предложениот буџет за 2018 година од 639,1 милијарди долари, надоместокот за трансфер на Нејмар ќе ѝ овозможи на американската војска да работи неколку часа.

САД имаат најголем воен буџет во светот, по што следи Кина со 215 милијарди долари.
Нешто повеќе од 2,25 отсто од глобалниот БДП оди на воени трошоци, според Светската банка.

Шест грчки острови

Еден грчки остров од 1335 хектари во моментов се продава за 44 милиони долари. Тоа би покрило 0,013 проценти од парите изгубени заради корупција на глобално ниво.

ММФ проценува дека 2 отсто од глобалниот БДП секоја година е изгубен заради корупција, или отприлика помеѓу 1,5 и 2 билијарди долари.

Цената на Нејмар едвај би помогнало во закрепнувањето на овие средства со 0,013 проценти.

Одржување на сириски бегалски камп во Турција 11 години

Објектот Килис Онкупинар е дом на околу 14.000 бегалци избегани од војната во Сирија и неговото одржување чини околу 2 милиони американски долари месечно.

Три четвртини од вредноста на Лионел Меси

Лионел Меси

 

 

 

 

 

 

 

Поранешниот соиграч на Нејмар од Барселона, има клаузула за ослободување во неговиот договор од околу 300 милиони евра (354 милиони американски долари).

поврзани објави

Последни објави