11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Богојески: Наместо еден човек, членството да биде тоа кое ќе ја донесе одлуката за кандидат за градоначалник

Кандидатот за градоначалник е ликот на партијата. Преку него, ние се идентификуваме, а граѓаните ја даваат довербата…
Како до него?!?
Внатрешната иницијатива за реформи во ВМРО ДПМНЕ предлага, наместо еден или пет луѓе од раководството на партијата, одлуката за тоа да ја донесе секој ОК во својата Општина, членството да определи кој е најдостоен и најзаслужен да ја носи таа чест. Нас ни треба најспособниот, а не “најлојалниот” на еден човек. Личниот интегритет и квалитет да бидат одлучувачки критериум, а не вештината најдобро да се “искодоши” кај лидерот.
Нека запре кодошењето, лажењето, местењето, клеветењето, да дадеме шанса на соработката, братството, солидарноста, квалитетот, заслугата, авторитетот и кредибилитетот…
Затоа браќа и сестри, подржете реформи во ВМРО ДПМНЕ, актуелната состојба да стане минато, да се отвори простор за иднината, простор за вредностите на Организацијата, пишува Петар Богојески, еден од инциијаторите за реформи и демократизација во ВМРО-ДПМНЕ. 

поврзани објави

Последни објави