2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Ахмети: Без платформата нема да има влада туку нови избори

Лидерот на владеачката партија ДУИ, Али Ахмети, вечерва гостување во интервју за телевизијата „ТВ21“, на кое изјави дека без прифаќање на платформата на албанските партии, нема да има формирање на влада. Тој посочи дека ќе биде подобро да има нови избори, во спротивно, влада нема да има.

„Зошто да не. Сигурно е дека со неприфаќањето на платформата на албанските партии од било кој субјект, земјата ќе ја однесе кон нови избори“, изјави Ахмети.

Новинарот кој го водеше интервјуто постојано вршеше напорти кон Ахмети да се изјасни дали тој им верува на неговите досегашни коалициони партнери од ВМРО-ДПМНЕ, но лидерот на ДУИ целовремено го избегнуваше ова прашање. Тој се обиде да воспостави рамноправност во смисла дека „и едните и другите направиле за албанците, односно не направиле“.

Познато е дека лидерот на СДСМ во текот на предизборната кампања, збореше дека двојазичноста за нивната партија е прифатлива опција, на што Ахмети одговори дека можат да бидат само празни зборови, а истото го одговори и на прашањето дали верува дека од страна на ВМРО-ДПМНЕ, нивните барања ќе бидат прифатени.

„Нема да бидам адвокат ниту на едниот, ниту на другиот, сето тоа е кажано само за да се добијат политички поени. Доволно добро ги познавам и двете страни, па да бидам искрен, тие двете воопшто не се разликуваат една од друга кога станува збор за албанското население“, додаде Ахмети.

Ахмети го искористи ова интервју директно да му порача на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека рокот за постигнување на договор со ДУИ е до 29 јануари, и додаде дека само тој од партијата е задолжен да преговара со него.

поврзани објави

Последни објави