18.8 C
Skopje
Tuesday, April 22, 2025

Тукушто дојде, Мората веќе постави нов рекорд во Премиер лигата

Шпанскиот репрезентативец Алваро Мората од почетокот на оваа сезона е член на Челси, а веќе успеа да го постави новиот рекорд во Премиер лигата.

Тој стана прв фудбалер во историјата на ова првенство кој постигнал по еден гол и асистенција на првите два натпревари на домашен терен на својот тим. Во првото коло тој ја затресе мрежата на Барнли и му асистираше на Давид Луиз, а вчера му асистираше на Цеск Фабрегас и самиот погоди против Евертон.

Мората стигна ова лето од Реал Мадрид за 58 милиони фунти откако и минатата сезона беше еден од најзаслужните што “кралскиот клуб” ја освои титулата во домашното првенство.

Sportclub.mk

поврзани објави

Последни објави