4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Понекогаш потребата го наведува човекот да мисли дека близината е љубов

Често се случува срцето да го надвладее разумот. Верува дека сака, па привидот на двојноста во секоја смисла му личи на љубов. Потребата за друга личност често ја гледа во потребата за повратна реакција, па често е изгубен во преводот за да ја замени со реална личност. Потребата е моќ.

Секоја личност која се наоѓа покрај вас не мора да ви биде емотивно блиска. И не, не мора да ја сакате, а сепак силно да ви треба. Потребата за љубов е реална, но не е условена со еднаквата можност да ја дадете љубовта.

Постојат моменти кога на човек му е потребна жена и кога без неа не знае што да прави. А и таа без него не е сигурна како би изгледала осаменоста. Можеби од страв ќе посака да има некој покрај себе. И тоа е реално. Никој не вели дека сите врски се убави, дека сите бракови се крунисани од љубов, ниту пак дека сите чувства се дефинирани. Некогаш едноставно се случува луѓе да се венчаат, а да не се почитуваат, но не и да се сакаат. Но, нашите стандарди за сакање не ни дозволуваат да гледаме поинаку. За нас секоја приказна со среќен крај и судбоносно да е апсолутна гаранција за среќа.

А не морам да те сакам, само затоа што ми требаш. Звучи брутално и сурово, без чувства, но реалноста е дека не е секоја врска синоним за среќа и љубов. Некои заедно се многу поосамени отколку кога би биле сами. На човекот понекогаш му треба поддршка, сопатник, колега, партнер и пријател. Му треба топол збор и прегратка. Му треба среќа. И тој си ја дозволува сам на себе таа среќа. Тоа не значи дека не се дава себеси и дека е себичен. Напротив.

Но, и секое давање не е симбол на емоционално подарување далечни светови. Некој дава само за да добие назад. Или од обврската да го оправда она што го добил. Постојат многу такви луѓе, но никој нема да признае. А и не мораат, затоа што се додека куќата однадвор изгледа дека е простор за живот, никој не се интересира дали внатре навистина и се живее.

Привидните работи се оние кои ја прават приказната успешна. Токму затоа што за неуспесите не смее човек да зборува. Кога ќе се разведат, луѓето најчесто имаат проблем со објаснувањето на сликата за себе пред другите, затоа што тие други биле луѓе кои верувале дека „тие двајца биле совршен пар“ и слично. Тоа не се празни муабети, затоа што реално, сите го оценуваат она што го гледаат. Во овој случај – лагите.

Потребата да се оддржи претставата и привидноста е само уште една потреба. Другите нека мислат дека ми е убаво, па може и навистина ќе ми стане убаво. А на тој начин всушност никогаш и нема.

Тие силни потреби го наведуваат човекот да ја помеша близината со љубовта, допирот со изразување љубов, а утехата ја меша со среќа. Потребно ни е да веруваме во лагите кои секојдневно ги живееме како да се најголема вистина.

А често сме свесни дека се само лаги.

 

Skopjeinfo.mk

поврзани објави

Последни објави