25.8 C
Skopje
Friday, June 21, 2024

Кин удри по клубовите за трансфер лудилото и порача: Да играше Гигс сега ќе вредеше…

Рој Кин го прокоментира лудиот трансфер пазар кој својата висина се чини дека ја допре токму ова лето, а за тоа дали може уште повисоко да се искачува, останува да видиме во следниот, поточно во зимскиот преоден рок.

Ова е неверојатно, доколку има најубав период за да бидете професионален фудбалер, тоа е токму овој период, просечни фудбалери се купуваат за 35 милиони фунти, господе…“ вели Рој Кин.

Не анализирам премногу, но тоа е моменталната ситуација на трансфер пазарот, нема премногу фудбалери од врвна класа во моментов, оние големите одат на високи суми, но проблемот не е до фудбалерите…

Кога фудбалери од просечна класа чинат околу 30-40 милиони фунти, тоа ве тера да се подзамислите до каде отиде фудбалот, но јас вината ја гледам кај клубовите кои се подготвени да издвојат такви суми за фудбалери од такви класи…“ издвои поранешниот член на Манчестер јунајтед.

Запрашан за тоа колку би чинеле неговите поранешни соиграчи од Манчестер јунајтед доколку играа во моментов, тој одговори следно.

Руд ван Нистелрој ? Милијарда… Дејвид Бекам? Исто… Рајан Гигс? Две милијарди!“ заврши Ирецот.

 

24Фудбал

поврзани објави

Последни објави