„Марко беше во право дека успеал да го засени пресот на Заев пласиран кај некои провладини медиуми за 100 дена влада каде што не слушнавме ниту еден проект.
На прес конференцијата не приметив, но потоа лично се уверив, вистинскиот борец, младиот Марко е во добра состојба и одлично расположение. Одиме напред заедно во нови победи“, напиша претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на фотографијата објавена на неговата ФБ страница на која лидерот на ВМРО ДПМНЕ е со момчето на кое му се слоши додека стоеше на неговата прес конференција.
Марко беше во право дека успеал да го засени пресот на Заев пласиран кај некои провладини медиуми за 100 дена влада каде…
Posted by Nikola Gruevski on Tuesday, September 5, 2017