fbpx
18.8 C
Skopje

ГОЛЕМА ПОБЕДА: Ѓорческа го мина првото коло од квалификациите на Австралија Опен

АКТУЕЛНО

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа продолжува да ја испишува историјата на македонскиот тенис откако рано утрово го мина првото коло од квалификациите на Австралија Опен.

Лина до победата во првото коло дојде над фаворизираната Американка Саша Викери која беше совладана со 2-1 во сетови (6-2, 3-6, 6-3).

Победата во Мелбурн за Ѓорческа е историја ако се земе предвид дека е прва победа, макар во квалификациите на една Македонка на Грен слем турнир.

Ѓорческа во следното, второ квалификациско коло за противничка ја има  унгарската тенисерка, Далма Галфи која е 160. на ВТА листата.

ПОСЛЕДНИ ОБЈАВИ

- Advertisement -