15.8 C
Skopje
Monday, October 28, 2024

Од предавство и трансфер во Барса, до нов богат договор со клузула од 700 милиони евра

Работите во светот на фудбалот брзо се менуваат, а тоа на своја кожа сега го искуси и Иско, фудбалерот на Реал Мадрид нема лесно да ја заборави 2017

Иско пристигна на Сантијаго Бернабеу во 2013 како еден од најперспективните играчи во Шпанија но тешко успеваше да се наметне во првиот тим покрај големиот број ѕвезди.

Дното на неговиот престој во Мадрид веројатно го достигна на почетокот од оваа година, кога се почесто беше на клупата за резерви а преговорите за продолжување на неговиот договор, кој беше со трајност до 2018, беа стопирани.

Тогаш се појавија и гласини за негов можен трансфер во Барселона, тој се најавуваше како новиот голем предавник. Наводно Иско по секоја цена бил подготвен да се пресели на Камп Ноу, па дури тоа и да значи една година да не игра фудбал и во 2018 да потпише за „Каталонците“ како слободен играч.

И кога шпекулациите за една ваква трансфер бомба стануваа се погласни, Иско почна да добива се поголема минутажа, играчот ја користеше секоја укажана шанса, и почна да покажува зошто важеше за голема фудбалска надеж.

Па работите се променија, тој стана клучен дел од Реал Мадрид кон крајот на минатата сезона, како и почетокот на оваа, а сериозно се наметна и во селекцијата на Шпанија.

Сега доби нов побогат договор до 2022 и откупна клаузла од 700 милиони евра, па Иско нема лесно да ја заборави 2017.

 

Извор: 24Фудбал

поврзани објави

Последни објави