Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган денеска изјави за актуелниот пад на лирата, зборуваше за тоа дека оние кој вршат притисок за пад на валутата не се разликуваат од терористите.
,,Не постои разлика помеѓу терористите кој имаат оружје или бомби и терористите кој го користат доларот,еврото и каматните стапки за сопствени цели”- истакна Eрдоган.
Цел на сето ова е како што наведува да се фрли на колена Турција.
,,Тие го користат девизниот курс како оружје- вели Ердоган не наведувајќи на кого се однесува ова.
Лирата во последните неколку недели падна на рекордно ниско ниво во однос на доларот, губејќи дури 10% од вредноста во изминатите неколку месеци.