Најмалку 250 луѓе загинаа во земјотресот што го погоди Мексико со интензитет од 7,1 степен по Рихтер.
Најголем е бројот на жртви во државата Морелос јужно од главниот град каде се загинати стотина луѓе.
Во главниот град Мексико Сити загинале најмалку 60 луѓе. Десетици згради се урнати во Густо, населен реон на мексиканскиот главен град и спасувачки тимови се во потрага по преживеани. Милиони домаќинства се без струја.
Претседателот на Мексико, Енрике Пења Нието свика итна седница на националниот комитет за вонредни ситуации.
Земјотресот се случи само неколку часа по завршувањето на комеморацијата на сеќавање на жртвите од земјотресот со интензитет од 8,0 степени според Рихтер, што го погоди Мексико Сити во 1985 година, во кој животот го загубија повеќе од 10.000 лица.
Извор: ТВ 24