Претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган истакна дека економијата во неговата држава се наоѓа пред терористички напад, кој би можел да биде штетен подеднакво како оние претходните, каде имаше и човечки загуби.
Ердоган на своите граѓани им порача да ги продадат своите евра и долари и со тоа да и се спротистават на заканата, која би можела да донесе огромни финансиски загуби за Турција.
„Не постои разлика помеѓу целите, односно терорист со пиштол и бомба во рацете или терорист кој има долари и евра во себе“, изјави Ердоган.