9.8 C
Skopje
Friday, October 25, 2024

(ВИДЕО) Богоев: Зајакнување на улогата на Локалниот Младински Совет

„Денес, од овде, од Кејот на реката Вардар, во делот на општина Карпош, јас и мојот тим се обврзуваме пред Вас дека младите целосно ќе бидат вклучени во донесување на одлуките на локални ниво во Општина Карпош.

Ова планираме да го направиме преку зајакнување на улогата на Локалниот младински совет во кој што ќе членуваат младински невладини организации од Карпош, политички подмладоци на територија на општина Карпош, како и граѓански неформални групи кои се бават со младинска политика на локално ниво.

Овој Младински совет ќе има за цел да донесе и локална Стратегија за развој на младите во општината, како и да биде вклучен во носењето на крупните одлуки во општината.

За младите со креативни бизнис идеи, планираме отворање на старт ап бизнис центри во кои што овие млади луѓе ќе добијат бесплатен канцелариски простор, мебел, како и бесплатна правна и сметководствена поддршка. Нивна работа ќе биде само да почнат да го развиваат бизнисот, а сите други предуслови ќе им бидат исполнети.

Дополнително, за сите млади кои сакаат да го одржуваат здравиот дух во општина Карпош, ќе отвориме повеќе фитнес зони во скоро сите населби во општината.

На овој начин, планираме:
• младите целосно да ги вклучиме во носењето одлуки на локално ниво;
• младите целосно да ги поддржиме во отворањето на сопствен бизнис во општина Карпош и
• да го задржиме здравиот дух и здравиот живот кај младите од општина Карпош.

Заедно го носиме животот во Карпош, заедно ја враќаме општината назад кај граѓаните“, изјави Стефан Богоев, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина Карпош.

поврзани објави

Последни објави