0.8 C
Skopje
Tuesday, January 21, 2025

Честитка за националниот празник на Народна Република Кина

Честитка за националниот празник на Народна Република Кина од страна на претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев до Н.Е. г-дин Ли Кечианг, премиер на Државниот совет на Народна Република Кина.

 

„Ваша Екселенцијо,
Ми претставува особена чест и задоволство, во име на Владата на Република Македонија и во мое лично име, да Ви го честитам националниот  празник на Вашата земја и да Ви упатам искрени желби за сèстран напредок  и благосостојба на пријателска Народна Република Кина.
Би сакал да го изразам своето уверување дека нагорниот тренд на развојот на односите, искрениот дијалог и размената на средби на високо ниво меѓу Република Македонија и Народна Република Кина, и натаму ќе продолжи.

 

Искрено се радувам на нашата средба во ноември во Будимпешта за време на претстојниот 6-ти Самит на шефови на држави и влади во рамките на соработката на НР Кина и земјите на Централна и Источна Европа  и за можноста прв пат да се сретнеме и непосредно да размениме мислења за нови перспективи за натамошното унапредување на сèвкупната соработка меѓу нашите пријателски земји.
Ваша Екселенцијо, доволете да Ви ги упатам, изразите на моето највисоко почитување“

поврзани објави

Последни објави