21.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

ПРЕСВРТ СО „МОНСТРУМ“: Обвинителката побара укинување на доживотните казни

Обвинителката Лилјана Спасовска, која е назначена за случајот „Монструм“, денес направи пресврт во Врховниот суд, откако побара од судот да ги прифати жалбите на обвинетите и да им се укине првостепената и второстепената пресуда за петкратното убиство кај Смилковско езеро.

Таа го оправдува сомнежот на обвинетите за направените вештачење, но исто така истакна и дека не го оспорува вештачењето направено од МВР. Според неа требало да се овозможи и друга независна институција да ги потврди истите.

„Одлуката на Врховен суд треба да ја обезбеди правната сигурност на граѓаните. Затоа предлагам да се прифатат жалбите на обвинетите и да се укине првостепената и второстепената пресуда“, изјави Спасовска, по што беше поздравена со аплауз од присутните во судницата.

Таа додаде дека сеуште нема сознанија од прислушкуваните материјали од СЈО, па така немала правилна оценка за доказите.

„Никогаш не работам во сенка, во темнина, сакам да сум на чистина и на виделина“, заклучи Спасовска.

поврзани објави

     

Последни објави