4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Меси го чинеше Мурињо големо засилување?

 

Манчестер Јунајтед ова лето беше еден од најактивните клубови кога станува збор за преодниот рок.

Жозе Мурињо сакаше што подобро да го засили својот тим бидејќи главната цел му е оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите и конечно Манчестер Јунајтед да се врати на Олд Трафорд како победник во Премиер лигата. Јунајтед донесе неколку звучни имиња, но повеќе од јасно е дека португалскиот стратег имаше уште неколку желби кои не успеа да ги исполни.

Шпанските медиуми објавија дека на мета на Мурињо ова лето бил и левиот бек на Барселона, Жорди Алба. Наводно, Манчестер Јунајтед бил во последна фаза на преговори за шпанскиот игра.

Меѓутоа, кога мислеле дека се е завршено дошло до пресврт и левиот бек на Барса им порачал дека сака да остане на Камп Ноу. Како што пишува Дон Балон, главната причина поради ваквите промени во одлуката на шпанскиот играч е притисокот кој Меси го извршувал врз Алба. Наводно, Аргентинецот успеал да го наговори Алба да го одбие Манчестер Јунајтед и да остане во Барселона.

Меси истиот метод сакал да го примени и кај Нејмар, но неговиот обид бил неуспешен бидејќи Бразилецот покрај сите силни убедувања на крајот одлучил да ја напушти Барса и да замине во ПСЖ.

поврзани објави

Последни објави