10.8 C
Skopje
Saturday, February 24, 2024

Каков крал: Рибери со стајлингот успеа да ги насмее фановите

 

Френк Рибери викендот се здоби со тешка повреда во ремито на Баерн на гостувањето против Херта.

Францускиот фудбалер во финишот на натпреварот беше приморан да го напушти теренот поради тешки повреди на лигаментите на коленото. Рибери последните години се почесто имаше повреди, а навивачите на Баерн помисилија дека кариерата на Французинот би можела да заврши на тажен начин.

Меѓутоа, Рибери е одлучен по којзнае кој пат во својата кариера да се врати уште појак на терените. Францускиот играч порача дека максимално ќе биде фокусиран на опоравување и дека ќе се врати многу посилен на терените.

Но, покрај неговите прекрасни пораки, во прв план изби неговиот стајлинг со кој повторно успеа да ги насмее своите фанови.

 

Фото

поврзани објави

- Advertisement -
- Advertisement -

Последни објави

- Advertisement -