Традиционално за празникот Василица во Општина Вевчани и оваа година се организираше Вевчанскиот карневал.
Низ улиците на оваа наша мала општина сместена на југозападот од државата продифилираа над 1.000 маски кои ги следеа неколку илјади посетители од државата и надвор.
И годинава традиционалните маски – зет и невеста, Глупавиот Август и музичарите, се неизоставен дел од карневалот со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар.
По дефилето, василичарите ќе одат од куќа во куќа, а утре рано изутрина заедно со гостите ќе одат на полнење вода на Вевчанските извори. Манифестацијата ќе заврши со традиционалното палење на маските.