6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

„Клоп сонуваше за Јунајтед, а заврши во Ливерпул“

Германски стратег пристигна во тимот од „Енфилд“ пред две години. Тој на клупата на Ливерпул го замени Брендан Роџерс, но сè уште не донесе трофеј.

Сепак, доаѓањето на „Енфилд“ не беше првата опција за Клоп. Тој сакаше да седне на клупата на Манчестер Јунајтед. Ова го откри неговиот поранешен тренер, Екхард Крауцун.

„Неговиот сон беше да оди во Англија и сакаше да го тренира Јунајтед. Тоа го слушнав лично од него. Откако престана да работи, знаев дека ќе сака да се врати по три или четири месеци. Кога пристигна понудата од Ливерпул, никогаш не се сомневав дека ќе ја прифати, иако неговата желба беше Јунајтед“, рече Крауцун.

Ливерпул под раководство на Клоп изгубија две финалиња. Без трофеј тие останаа во Купот на ЕФЛ и во Лигата на Европа, а во моментов се на седмата позиција во новата сезона во Премиер лигата.

поврзани објави

Последни објави