3.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Next Time: Ги правиме песните од срце и љубов спрема македонската изворна песна и македонскиот народ

Поглед: Вашиот нов проект, преработката на македонската изворна песна „Слушам кај шумат шумите“ ги руши сите рекорди по гледаност на видео каналот Youtube со речиси 150 илјади прегледи за само два дена. Која е тајната на успехот според Вас и дали конечно ќе македонската публика ќе се „навикне“ на тоа да се пронаоѓа во работата на еден чисто македонски бренд каков што е Вашата група?

Next TimeТочно е тоа дека нашата нова обработка за песната „Слушам кај шумат шумите“ уште од самиот почеток достигна голема гледаност и заинтересираност кај народот,тоа не прави посебно горди но сакаме таа бројка да не стивне и сеуште да расте. Нема посебна тајна едноставно треба да се даде се од себе како артист уметник, да се работи напорно и резултатите ќе ги препознае народот. Македонската публика има изострен вкус така што мора секој еден од нас музичарите да се потруди повеќе за да ја добие публиката ,сметаме дека во моментов фали повеќе креативност и зрелост на македонската музика.

Фото: Момент од промоцијата на песната „Слушам кај шумат шумите“.

 (П): Која е приказната позади изборот на токму „Слушам кај шумат шумите“ како втора нумера по прекрасната „Ја излези Ѓурѓо“ што исто така имаше огромен успех?

(NT): Оваа песна е дел од нас уште од најрана возраст ,ја потпевнувавме во фиќото на нашиот татко кога идевме накај село Жван(Демир Хисарско),сметавме дека „Слушам кај шумат шумите“ е преубава песна на која што и фали емотивна верзија за да почувствуваат луѓето колку е тешко значењето на самата песна,да ја почувствуваат маката на секоја мајка македонска од минатото па се до ден денес.

Фото: Момент од промоцијата на песната „Слушам кај шумат шумите“.

(П): Факт е дека со Вашата работа поставувате нови стандарди и правите производ што може слободно да се нарече вонсериски. Што е тоа што ја буди Вашата инспирација и ве тера да бидете различни?

(NT): Ни се допаѓаат вашите комплименти , секој артист би посакал да доживее коментар дека е поразличен од другите во позитивна конотација.
Не знаеме, едноставно ова сме ние нема глума нема блеф не преовладува материјалното пред душевното ,перфекционисти сме во ова што го работиме , и мислиме дека народот тоа го преознава.

Фото: Момент од промоцијата на песната „Слушам кај шумат шумите“.

(П): Ќе може ли „конкуренцијата“ на македонската музичка сцена да се носи со темпото што Вие го наметнувате со Вашиот професионализам?

(NT): Видете ние не се тркаме со никого не ги правиме работиве за да некој ги надмине или да не може да ги надмине ,едноставно ова го правиме од срце и љубов спрема македонската изворна музика и македонскиот народ.

Фото: Момент од промоцијата на песната „Слушам кај шумат шумите“.

(П): Што треба да се направи според Вас за македонските музички чинители (пејачи, музичари, композитори и аранжери) да ја гледат Евровизија како единствен начин за меѓународна промоција на нивниот (вашиот) производ? Каде се слабите точки на македонската музичка индустрија (ако воопшто можеме да го искористиме овој збор) според Вас?

(NT): Евровизија е голема шанса како за земјата така и за авторите и изведувачите да постигнат успех , но од друга страна ние мислиме дека со тие финансиски средства, што се употребуваат во влогот наречен Евровизија ,може да се организираат големи настани тука во нашата земја и да се оживее малку македонската музика. Ние самите учествувавме на овој фестивал во 2009 година ,и како тогашни 22 годишни дечки се снајдовме добро понудивме квалитет се изборивме за 10 то место кое води во финале ,но од друга страна на сцена стапи политиката и Евровизија и дозволи на Финска (тоа е наше мислење) да влезе место Македонија. Сфативме дека големо разочарување на овој фестивал е фактот што не е се до музиката. Но како и да е можеби сето ова ни создаде аверзија према овој фестивал и во моментов токму заради овие наши причини и причините на поголем дел од другите македонски изведувачи, кои го доживеале верувам истото, сметаме дека со тој буџет може слободно да се организира тука во нашата земја нешто посериозно и поисплатливо.

Фото: Момент од промоцијата на песната „Слушам кај шумат шумите“.

(П): Свесни сме дека клишето „за вкусовите не се дискутира“ е најчестиот одговор кога ќе се постави прашањето, зошто Македонија е како рудник за злато за изведувачите од Србија и останатиот екс Ју простор, а не е толку „дарежлива“ кон своите сопствени музички уметници? Која е причината за тоа? Каде згрешивме и ние медиумите на тоа поле?

(NT): Видете не сакаме да се жалиме во наше име ниту во име на другите изведувачи едноставно ќе кажеме дека мора да работиме сите напорно како на квалитет така и на се останато за да се подобри ситуацијата. Можеме и мораме да дадеме малку повеќе од ова што го нудат сите .
Ако може народот да ги прифати „Ѓурѓо“ и „Шумите“ експресно добро тогаш ќе може и се друго од авторска или било каква музика од македоснки артист. Народот бара но сите ние треба да се потрудиме за нашиот производ да биде што подобар и повеќе да дадеме.

Фото: Момент од снимањето на спотот за песната „Слушам кај шумат шумите“.

П): Дали и следната песна, што ќе биде дел од Вашиот проект албум со преработки на македонски изворни песни ќе биде комитска или ќе се насочите и кон љубовниот мелос?

(NT):  Сега за сега имаме само план за албум , немаме финална дата кога да се изработи истиот ,но која и какви да се следните песни сакаме да има дух во нив за оживување нешто што ќе допре најпрво во нашите души па преку нашата испирација и емоција до македонскиот народ.

Фото: Момент од снимањето на спотот за песната „Слушам кај шумат шумите“.

(П): Што ќе им порачате на вашите фанови и секако на читателите на порталот „Поглед“?

(NT): Ви благодариме за подршката, што ни ја давате. Би сакале нашите фанови да знаат дека тие се најголемата причина поради која ние сме се уште тука, каде што ние е местото во македонската музика. Ќе продолжиме да Ве радуваме и изненадуваме од песна во песна. Ви благодариме и на вас од Поглед ,останете портал со високи погледи нека дознае за вас секој читател Тука сме ние за вас како што сте и вие за нас.

поврзани објави

Последни објави