9.8 C
Skopje
Wednesday, October 9, 2024

Червар: Македонското срце мора да победи на еден од следните три натпревари

Нашата ракометна селекција синоќа ја забележа и својата втора победа во групата Б на Светското првенство во Франција, совладувајќи ја репрезентацијата на Ангола со 31:22 (14:9).

Селекторот на репрезентацијата на Македонија, Лино Червар, после победата на неговите избраници, изјави дека е задоволен од победата, но не и од начинот на кој што влеговме во натпреварот.

„Малку опуштено влеговме во натпреварот, јас реков дека секој меч е тежок меч и треба многу сериозно да се пристапи. На почетокот промашивме многу зицери и бевме малку нервозни поради тоа, но важно е што победивме, на овие натпреварувања се бројат бодовите и тоа е најважно. Задоволен сум, два натпревари четири бода. Одиме на победа и на следниот натпревар. Македонското срце мора да победи на еден од следните три натпревари“, изјави Червар.

Македонија ја оствари целта на Мундијалот, а тоа е речиси обезбеден пласан во осминафиналето. Нашиот следен противник во групата Б е селекцијата на Словенија, а натреварот ќе се одигра во понеделник.

поврзани објави

Последни објави