Барселона ќе му понуди долгорочен договор на својата мегаѕвезда Лионел Меси, изјави извршниот директор на клубот, Оскар Грау.
Аргентинецот преговараше со менаџментот за нов четиригодишен договор во јули, но сето тоа не беше официјализирано.
Грау даде изјава за време на годишното собрание на клубот и изјави дека Меси ќе добие предлог, слично на она што потпиша друг главен играч на тимот – Андрес Иниеста минатиот месец, имено договор кој ќе го задржи играчот во клубот до крајот на кариерата.
„Идејата е Лео, кој е тука од дете да остане во Барселона доживотно. Тој е икона и го заслужува тоа. Откако ќе ја прекине својата кариера, сакаме тој да остане поврзан со клубот“, рече Грау.