Завршивме 450 проекти, на секоја улица, покрај секоја зграда во целито град, Отиња не може да се заборави, патеката за шетање, мултимедијалниот центар, Зоо, 160 асфалтирани улици, комплетна инфраструктура во селата, тоа го направивме ние, истакна денес актуелниот и кандидат за градоначалник на Општина Штип Илчо Захариев.
Захариев посочува дека граѓаните виделе дека нивните лаги нивната црна кампања не дадоа резултати. Тој посочува дека припадниците на МВР-СВР Штип неосновано ги кочат сите проекти донесени од Советот.
-Тие се борат за подобар живот за нив самите, а не за сите граѓани. Не се борат за подобар живот на граѓаните од улицата „Личка“ кои треба да добијат заштита од постојните поројни дождови и каде Советот има донесено одлука целиот град да биде градежна зона, бидејќи градоначалникот мора да даде налог да се сработи секој улица ако општината има средства и ако тоа го бараат жителите на урбаната заедница. Такво нешто е невидено, МВР насилнички да се однесува и да спречува проекти на Општината, нагласи Захариев.