-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

“Кој и да одлучил да го продаде Матиќ, заслужува отказ“

Од Англија пристигнуваат бројни реакции за поразот на Челси од Рома со резултат од 3:0, кој укажува на слабоста која моментално ја има англискиот шампион.

Некои ќе речат дека Конте погрешил со тактиката, некои дека “сините“ едноставно имале лош ден, а се чини дека најдобар коментар даде поранешниот англиски репрезентативец Фил Невиле.

Невил порача дека Челси летото направиле огромна грешка што го продале Немања Матиќ, а личноста која донела таква одлука треба да добие отказ.

“Што тргна толку лошо за Челси? Еден збор – Матиќ. Многу е едноставно да се заклучи тоа. Моментот кога го продадоа Матиќ беше огромна грешка и не знам кој ја донел таа одлука, но тој некој заслужува отказ. Тие тогаш имааа сигурност и вистинска одбрана. Вака е друга приказна, започна Neville и додаде:

Челси го замени Матиќ со некој кој што треба да ја врши неговата работа, но Бакајоко не е играч кој може да ја држи средината на теренот. Сметам дека тој не е вистинската замена. Да се прашам јас, Матиќ никогаш не би го пуштил да оди од мојот клуб. Би го заковал за ѕидовите на тренинг центарот“.

Немања Матиќ за викендот ќе се врати на Стемфорд Бриџ, но како фудбалер на Манчестер Јунајтед за кого потпиша летото за 45 милиони евра.

поврзани објави

Последни објави