Вечерва во 18.00 часот во скопски Аеродром брутално со пет истрели во глава е убиен млад, 25-годишен фудбалер.
Станува збор за Мартин Јанушев кој последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври.
Според неофицијални извори, убиецот веќе е познат, а мотивот првично е дека станува збор за одмазда.
Веќе починатиот и убиецот имале стари нерачистени сметки уште од летово во една скопска дискотека.