Менаџерот на Челси Антонио Конте го прокоментира фактот дека против Манчестер Јунајтед од тимот го исфрли еден од клучните играчи.
Бразилскиот дефанзивец Давид Луиз беше неизоставен од тимот до вчера, кога Конте го прати на трибини во пресрет на натпреварот против Манчестер Јунајтед (1:0).
Назад добија шанса Аспиликуета, Кејхил и Кирстенен, Алонсо по бековите, а за Луиз немаше место и тоа е она што ги шокираше сите навивачи на Челси.
За среќа на Конте, неговиот тим и без Луиз оствари победа – без примен погодок, па излезе на крај дека Италијанецот донел вистинска одлука.
“Тоа е само исклучиво тактичка одлук. Мора да се донесуваат тешки одлуки, мора напорно да се работи или во спротивно ќе бидете на клупа или на трибини. Сето тоа е нормално. Ова може да му се случи на секој од моите играчи, но ако видим дека не се во добро расположение и добра кондиција. Понекогаш морам да донесам важни одлуки“, рече Конте.
“Го направив тоа што мислев дека е најдобро за тимот. Среќен сум поради тоа што му дадов шанса на младиот Кристенсен кој имаше навистина добар натпревар. Морам да ја донесам најдобрата одлука за клубот, а не за поединци од клубот. Понекогаш морам да направам и грешки, а понекогаш да го направам најдоброто за тимот“, додаде Конте.
Кога го прашаа дали Луиз останува, тој додаде: “И моето место до сега е загрозено, не знам што ќе биде со мене, а не пак со Луиз“.