Вечерва во 20 часот во Националната галерија на Македонија-Чифте амам, ќе биде отворена изложба на Мухамедали Алили, насловена „Скриени шепотења“. Академијата во Скопје, Алили ја завршил на отсекот графика кај Димитар Малиданов. Се доусовршува на Универзитетот ФОН, се занимава со сликарство, графика, дизајн и фотографија. Учествувал на многу колективни изложби во Македонија и во многу други земји. Живее и работи во Куманово.
Како што стои во најавата на изложбата, приказните отсликани на таблоата на Дали Алили почнуваат со стандардниот пролог: „Било еднаш одамна“, но ги кршат табуата раскажувајќи за еден поразличен свет кој почнува со „Од сега понатаму…“
Творештвото на Алили, теоретичарите го оценуваат како богато со колорит, и со емоции кои имаат безвременски димензии.