Бугарскиот европратеник Андреј Новаков деновиве е во посета на повеќе македонски општини меѓу која и општината Делчево. Тој, придружуван од страна на својот пријател од Делчево, Венци Димитровски се сретна со градоначалникот на општина Делчево г. Горан Трајковски.
На средбата се разговараше за трансгранични проекти, идни проекти и понатамошна соработка. Инаку, ова не е прва средба на бугарскиот европратеник Новаков со предводник на македонска општина. Тој претходно се сретна со градоначалникот на општина Ново Село г. Боро Стојчев, но и со македонскиот премиер Зоран Заев.